Top Sport

Барселона без Араухо до крајот на годината

Роналд Араухо поради повреда ќе отсуствува до почетокот на ноември, што значи дека тренерот на Барселона, Чави, на неговите услуги ќе може да смета дури по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Араухо заработи повреда на мускулот во првата минута од пријателскиот натпревар со Иран, поради што веднаш беше испратен во Барселона.

Првично се шпекулираше дека Араухо би можел да биде подготвен до „Ел Класико“ на 16. октомври, но денешните тестови покажале дека повредата е многу посериозна.

Тој ќе биде надвор од терените од шест до седум недели, што значи дека ќе се врати на стартот на Светското првенство и ќе биде на располагање на својата репрезентација.

Од друга страна, Барса сега е во голем проблем, бидејќи и Кунде е надвор од терените, а тој и Араухо се најдобрите дефанзивци на Барселона од почетокот на сезоната.

Араухо ќе го пропушти пеколниот период, во кој Барса ќе ги одигра преостанатите четири натпревари во Лигата на шампионите, двомеч со Интер, со Баерн на „Камп Ноу“ и гостувањето во Чепка кај Викторија Пилзен. Во Ла Лига покрај, споменатото „Ел Класико“, Араухо ќе ги пропушти и натпреварите Виљареал, Атлетик Билбао и Валенсија.

Scroll to Top