Top Sport

Барселона доби забрана за купување во јануари

Ла Лига ги урна плановите на Барселона за зимскиот преоден рок. Проблем повторно е финансискиот фер-плеј, поради клубот нема доби забрана за трансфери.

Џоан Лапорта, првиот човек на Барселона, не може да го разбере овој потег на Ла Лига.

„Моравме да направиме некои тешки, непопуларни потези. Тоа беа економските операции кои го спасија клубот од пропаст. Сега сме во фаза на опоравување и наскоро ќе застанеме на нозе. Очекувам добивка од околу 270.000.000 евра, но и покрај тоа, според правилата за финансискиот фер-плеј на шпанската лига, не можеме да донесеме нови играчи. Односно не можеме да ги регистрираме“.

Лапорта смета дека прописите треба да им овозможат на клубовите да водат пофлексибилна кадровска политика.

„Се обидуваме да ги убедиме дека правилникот треба да биде пофлексибилен, да треба да се толкува и на поинаков начин. Овој правилник е прилично бесмислен“.

Според неговата перцепција, постоечките правила треба да се усогласат со оние во другите европски лиги.

„Не треба да има нееднаквости како што ги имаме денес. Во Премиер лигата, на пример, се е пофлексибилно отколку во Шпанија. Сите ние треба да имаме исти можности и обврски“.

Лапорта призна дека овосезонската елиминација од Лигата на шампионите во групната фаза е голем удар за клубот, додавајќи дека позицијата на Чави како шеф на стручниот штаб не е загрозена.

„Елиминацијата од Лигата на шампионите беше голем удар за нас, но на сите им е јасно дека оваа сезона примарна цел е освојување на домашното првенство. Сигурен сум дека тимот со Чави само ќе се подобрува. Среќни сме што го имаме за тренер, тој знае како дише овој клуб и како треба да игра“.

Scroll to Top