Барселона е најмногу погоден од економската криза предизвикана од коронавирусот. Клубот се обидува да го надомести или барем да ги ублажи последиците од кризата. Според шпанските медиуми дневно Барселона губи околу пет милиони евра.
Поради кризата сите играчи се на продажба, исклучок се капитенот Лионел Меси и голманот Мар-Андре тер Штеген, тврди новинарот кој добро ги познава состојбите во клубот, Франсеск Агилар.
Меси и Тер Штеген се недопирливи додека за останатите фудбалери Барселона е подготвена да ги слушне понудите.
Барселона планира најмногу да заработи од Фелипе Кутињо и Усман Дембеле. За овие двајца интерес покажуваат клубови од Англија. Трансферите на Кутињо и Дембеле Барселона ја чинеа 250 милиони евра.
Клубот нема исто така нема да се противи ниту доколку заминат Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Нелсон Семедо, Серхи Роберто, Артур, Антоан Гризман, Луис Суарез…но само доколку за нив пристигнат добри понуди.
Планот на Барселона за летниот преоден рок е во клубот да пристигне барем една голема ѕвезда. Клубот преговара со Интер за Лаутаро Мартинез и со ПСЖ за Нејмар. Идеално сценариот за клубот би било доколку на „Ноу Камп“ пристигнат двајцата.