Top Sport

Барселона ги продолжи договорите со четворица фудбалери

Фудбалскиот клуб Барселона по победата над Ференцварош во Лигата на шампионите (5:1) соопшти дека на четворица фудбалери им биле продолжени договорите.

Голманот Марк-Андре тер Штеген го продолжил договорот до 2025 година. Германскиот репрезентативец во Барселона пристигна во 2014 година од Борусија Менхегладбах.

Еден од најискусните во тимот Џерар Пике според новиот договор во клубот ќе остане до 2024 година. Пике во Барселона се врати во 2008 година од Манчестер Јунајтед.

Партнерот на Пике во одбраната, Клеман Ленгле, го ставил својот потпис на договорот до 2006 година. Ленгле на „Ноу Камп“ дојде од Севилја о 2018 година.

Нов договор потпиша и Френки Де Јонг кој минатото лето од Ајкас пристигна во Барселона. Холанѓанецот во клубот ќе остане до 2026 година.

Scroll to Top