Top Sport

Барселона го испрати Дест во ПСВ Ајндховен

Американскиот дефанзивец Сержињо Дест следната сезона ќе игра на позајмица во ПСВ Ајндховен.

Холандскиот клуб има опција да го откупи договорот на 23. годишниот фудбалер по завршувањето на позајмицата. Доколку ПСВ сака да го откупи Дест ќе мора да плати 10.000.000 евра.

Дест и минатата сезона играше на позајмица, во Милан, каде не се прослави. За клубот од Милано одигра само осум натпревари.

Американецот по три години се враќа во Холандија, каде играше за големиот ривал на ПСВ, Ајакс.

Scroll to Top