Масимилијано Алегри по пет години го напушти Јувентус и во преодниот рок ќе биде еден од најбараните тренери на пазарот. Иако самиот најави дека паузира една година, специјализираниот фудбалски портал „Goal“, пишува дека интерес за неговите услуги покажува Барселона.
„Доколку ми се укаже можност е одберам тим што ми одговара. Конкретни понуди? Се уште нема нешто такво. Нема логика сега да зборуваме за иднината“, рекол Алегри по вчерашниот пораз од Самдорија, во последниот меч на Јувентус оваа сезона.
Алегри доби отказ бидејќи не успеа да ја направи значаен резултат во Лигата на шампионите, а од иста причина можно е отказ да добие и актуелниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде.
Валверде го продолжи договорот со Барселона, меѓутоа неговата позиција не е сигурна не само поради елиминацијата од Ливерпул во полу-финалето, во Лигата на шампионите, туку и поради поразот од Валенсија во финалниот меч во Купот на Кралот.