Top Sport

Барселона го отпушти готвачот поради Левандовски

Фудбалскиот клуб Барселона е во потрага по нов готвач за првиот тим, по жалбата на напаѓачот Роберт Левандовски, објавија шпанските медиуми.

Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, тренерот Ханси Флик побарал смена на готвачот, а спортскиот директор Деко започнал да ги интервјуира кандидатите, откако Левандовски се пожалил на начинот на подготовка на јајцата.

Флик ја пренел жалбата до раководството, ја изразил својата загриженост и побарал да се ангажира професионален готвач.

Германскиот тренер јасно ставил до знаење дека сака да го контролира секој аспект од закрепнувањето и физичката подготовка на играчите, а составен дел од тоа е и исхраната.

Флик, исто така, му овозможи на тимот да се врати од гостувањата следниот ден, наместо веднаш по натпреварот како порано, за играчите да имаат повеќе време за спиење и одмор.

Scroll to Top