Top Sport

Барселона го отпушти Пењароа

Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.

Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.

Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.

„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.

Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.

Scroll to Top