Top Sport

Барселона го поддржа Чави и покрај елиминацијата од Лигата на шампионите

Барселона и понатаму има доверба во тренерот Чави Ернандез и покрај фијаското во Лигата на шампионите и елиминацијата уште во групната фаза на натпреварувањето. Управниот одбор на клубот на итна седница сепак му даде поддршка на Чави да продолжи да работи.

„Сите веруваме во Чави. Ништо не можеме да направиме сега освен да продолжиме понатаму. Тимот е во процес на градење и мораме да бидеме трпеливи“, потенцираа од раководството на Барселона.

Каталонскиот клуб многумина го сметаа за еден од фаворитите за пехарот пред почетокот на сезоната, откако на „Камп Ноу“ потрошија над 150 милиони евра за нови играчи.

Сепак, трансферите не го донесоа посакуваниот ефект и Барселона не успеа да ја мине групната фаза и да се пласира во осминафиналето.

Scroll to Top