Top Sport

Барселона го потврди интересот за Шлотербек

Барселона, како што стојат работите, го одреди клучното засилување во одбраната. Каталонците ќе се обидат да го реализираат трансферот на Нико Шлотербек.

Бројни каталонски медиуми потврдија дека желбата на Ханси Флик преовладала над онаа на спортскиот директор Деко, кој се наклонувал кон Алесандро Бастони, а Германецот е првата цел веќе во јануарскиот преоден рок.

Нико Шлотербак, пред шест месеци, потпиша нов договор со Борусија Дортмунд, но постави и посебна клаузула според која може да го напушти клубот по прифатлива цена. Ханси Флик лично разговарал со играчот, и наводно, желбата за трансфер е взаемна.

Сепак, Фабрицио Романо известува дека има мали шанси трансферот да се случи во јануари.

„Кога го прашавме Деко за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, тој одговори: „Подобро да коментирам за него, бидејќи во спротивно неговата цена ќе се зголеми. Факт е дека Шлотербак го следат неколку клубови. Реал Мадрид и Барселона се меѓу другите заинтересирани за овој германски дефанзивец. Искрено, не верувам дека може да си замине во јануари. Ќе видиме што ќе се случи во летниот преоден рок 2027 година.“

Не е тајна дека во Барселона сфатија дека направиле голема грешка во летниот преоден рок, што не се засилија на стоперската позиција и дека ќе ја поправат во јануари. Единственото прашање е дали ќе успеат веднаш да го доведат Германецот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');