Top Sport

Барселона го продаде Нико Гонзалес во Порто

Младиот шпански играч за врска Нико Гонзалес се пресели од Барселона во Порто.

Вредноста на трансферот е 8.500.000 евра, а Барса има право на откуп на неговиот договор.

Гонзалес помина низ младинската академија на Барса, а претходната сезона ја мина на позајмица во Валенсија. За Барселона дебитираше пред две години кај Роналд Куман.

Тој е стандарден член на младата шпанска репрезентација.

Scroll to Top