Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо ќе се врати во редовите на Барселона по одгрувањето на мечевите од ЛШ. Тој е на позајмица во минхенски Баерн, но информациите се дека баварскиот клуб нема намера да го задржи за следната сезона.
За него по се изгледа нема место ниту на „Ноу Камп“, па челниците на Барса сакаат да го продадат и да тргнат по Аргентинецот, Лаутаро Мартинез од Интер.
Информациите од Шпанија се дека Барса им го понудила Кутињо на Арсенал и Њукасл во Премиерлигата.
Бразилецот на Островот настапуваше од 2013 до 2018, и беше еден од најдобрите во редовите на Ливерпул. Барса го купи за 145 милиони евра.
Кутињо се чини не ги оправда вложените средства, па беше испратен на позајмица во Баерн.