Top Sport

Барселона го растури Бетис

Барселона повторно има 11 поени повеќе од Реал Мадрид, откако вечерва го победи Бетис со 4:0.

Барселона направи уште еден чекор кон шампионската титула, додека на Бетис му претсои жестока борба за да го задржи шестото место на табелата.

Каталонците рутински славеа, откако Бетис остана со фудбалер помалку на теренот. Кристенсен го постигна првиот гол на натпреварот во 14.минута.

Едгар Гонзалес во 33. минута го доби вториот жолт картон и мораше да го напушти теренот.

Предноста од играч повеќе Барселона ја материјализираше со два гола во интервал од шест минути. Вториот гол го постигна Левандовски во 36., а третиот рафиња во 39.минута.

Точка на мечот стави со авто-гол, Гвидо Родригез во 82.минута.

Scroll to Top