Top Sport

Барселона го укина бесплатниот ручек за фудбалерите од Б тимот

Финансиката криза во Барселона го натера клубот на драстични мерки на штедење. Една од последните одлуки на клубот е да им го укине бесплатниот ручек на играчите на Барселона Б. За да заштеди пари фудбалскиот клуб Барселона го раскинал договорот со добавувачот на храна.

Според шпански извори, играчите кои настапуваат за Барселона Б имале опција да останат во клубот по утринскиот тренинг, каде потоа им бил послужен ручек. Повеќето од нив сепак ја прифатиле опцијата да си одат дома. Поради тоа во клубот ова го пресметале како непотребен трошок ја откажале соработката со добавувачот на храната.

Се наведува и дека тренерот на тимот Рафаел Маркез е задоволен од таа одлука. Тој ја претпочита опцијата играчите да си одат дома на ручек и да се одморат по утринскиот тренинг.

Scroll to Top