Top Sport

Барселона и Реал Мадрид ќе се возат заедно на „Ноу Камп“

Барселона и Реал Мадрид ќе патуваат заедно на „Ноу Камп“ пред стартот на „Ел класико“ во среда по загриженоста за безбедноста на фудбалерите на „кралскиот клуб“ на патот до стадионот во презакажаниот меч.

Каталонските протестанти најавија блокада на патиштата околу стадионот пред мечот, но од фудбалскиот клуб Барселона се обидуваат да направат сè да нема никакви пречки за оддржување на натпреварот, кој веќе еднаш беше откажан поради протестите во каталонската престолнина.

Според „Ел мундо депортиво“, затоа Барселона се решила да го собере својот тим во истиот хотел каде што ќе престојува тимот на Реал Мадрид и потоа заедно да се упатат на стадионот. Иако се очекува фудбалерите на двата клуба да се сретнат во фоајето на хотелот „Софија“ (на само стотина метри од стадионот), тие ќе патуваат со два посебни автобуси.

Нови закани за „Ел класико“, каталонските националисти подготвуваат блокади

Scroll to Top