Top Sport

Серија А се бори против расизмот со слики на мајмуни!

Обвинувањата за расизам во италијанскиот фудбал се присутни цела сезона, и новата иницијатива на Серија А сигурно нема да помогне да се разбијат стереотипите, откако на сите стадиони ќе има кампања претставувана од слики на три мајмуни.

Неколку фудбалери, како Марио Балотели, Калиду Кулибали и Ромелу Лукаку ги обвинија навивачите дека честопати користат мајмунски извици и други расистички гестикулации, и лигата во знак на солидарност најави кампања за борба против расизмот, која за жал вклучува низа на слики на уметникот Симоне Фугацото кои покажуваат три мајмуни во боите на неколку италијански тимови, за да се „смени перцепцијата на навивачите“.

„За уметник, не постои ништо поважно од менување на перцепцијата преку својата работа. Со овие три слики се обидов да покажам дека сите сме фасцинантни суштества, кои можат да бидат тажни или среќни, католици, муслимани или будисти, но тоа што сме не се одлучува според бојата на нашата кожа“, вели уметникот Фугацото.

Scroll to Top