Top Sport

Барселона има фудбалер со позитивен тест на корона вирус

Барселона потврди дека еден од деветте фудбалери кои биле тестирани во вторникот пред стартот на нивната пред-сезона е позитивен на корона вирусот. Фудбалерот не е дел од првиот тим, кој во четврток патува во Лисабон за дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите и не бил во контакт со нив.

Во вторникот биле тестирани фудбалерите кои се враќаат на тренинзи, но не се дел од првиот тим: Франциско Тринкао, Педри, Матеуш Фернандеш, Рафиња Алкантара, Карлес Алења, Ориол Бускетс, Хуан Миранда, Жан-Клер Тодибо и Муса Ваге.

Ова е нов случај на заразени фудбалери во шпанскиот фудбал, откако претходно Атлетико Мадрид потврдија дека Шиме Врсаљко и Хуан Кореа се позитивни и нема да патуваат на мечевите од ЛШ во Лисабон, а потоа и Валенсија потврдија два позитивни случаи во својот тим.

Scroll to Top