Top Sport

Барселона има нова „деветка“

Каталонскиот медиуми „Спорт“ кој секогаш има релевантни информации поврзани со Барселона тврди дека Анхел Родригез од Хетафе наскоро ќе прстигне на „Ноу Камп“.

Според овој извор клубовите го договориле трансферот се чека само Ла Лига да го одобри истиот. Анхел ќе го заземе местото на Усман Дембеле за кого сезоната е завршена.

Дембеле во вторникот бил опериран во Финска. Истиот ден претставници на Барселона ја доставиле комплетната документација до ла Лига. Рехабилитацијата на Дембеле ќе трае најмалку пет месеци.

Се претпоставува дека трансферот на Ахел ќе изнесува девет милиони евра. 32 годишниот напаѓач ќе може да настапува само во Ла Лига. До крајот на сезоната во Шпанија остана уште 14 натпревари.

Scroll to Top