Барселона има сериозна намера да го донесе капитенот на Лион Мемфис Депај на „Ноу Камп“.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците воспоставиле контакти со клубот од Лион. За Депак Барселона биле подготвени да платата одредена сума на пари и да го вратат Самуел Умтити во Лион.
Депај е еден од приоритетите на новиот тренер на Барселона Роналд Куман, кој се соочува со извесното заминување на Лионел Меси од клубот.