Top Sport

Барселона ја донесе замената за Бускетс

Шпанскиот првак Барселона го објави потписот со четвртиот нов играч ова лето, Ориол Ромеу. Има 31 година, игра на позицијата централен играч за врска и доаѓа од Џирона, со договор на три сезони, со откупна клаузула од 400 милиони евра. Пред него, каталонскиот гигант веќе ги потпиша Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, двајцата како слободни играчи, како и Бразилецот Виктор Роке, кој сепак нема да му се приклучи на клубот до 2024 година.

Ромеу е младински играч на Барселона, но има само два настапи за првиот тим за клубот што го напушти во 2011 година. Од друга страна, искусниот играч има вкупно 371 меч за Челси, Валенсија, Штутгарт, Саутемптон и Џирона, од кои повеќето се за „светците“. Се очекува да биде искористен на позицијата Серхио Бускетс кој си замина.

Во досегашните информации се наведуваше дека неговата откупна клаузула во Џирона изнесувала 8 милиони евра, но клубот успеал да договори трансфер од 5 милиони евра, а во зделката е вклучен и младиот играч за врска на Барса, Пабло Торе, кој ќе игра на позајмица во следната сезона.

Scroll to Top