Ансу Фати е новата десетка на Барселона. Светиот број немаше сопственик од заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ.
„Нашата нова десетка“, е пораката од Барселона.
Our new number ?
Made in La Masia ?❤️
⭐️ @ANSUFATI ⭐️ pic.twitter.com/co6NcpjxOx— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 1, 2021
Ансу Фати за првиот тим на Барселона дебитираше со неполни 17 години. Првиот гол го постигна на возраст од 16 години и 304 дена, тој е најмладиот стрелец во историјата на Барселона и трет најмлад стрелец во историјата на Ла Лига.
Фати, нема настап за Барселона од ноември минатата година. На натпреварот со Бетис го повреди коленото. Од декември до мај тој имаше три операции, неодамна им се приклучи на соиграчите и започна со тренинзите.