Top Sport

Барселона ќе го откупи договорот на Рашфорд

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, им даде зелено светло на клупските челници да го откупи договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Германскиот стручњак им потврдил дека сериозно смета на Рашфорд и сака да го задржи и следната сезона.

Ова значи дека каталонскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула, според која на Јунајтед треба да му плати 30 милиони евра, сума која клубовите ја договорија минатото лето, кога Рашфорд пристигна на позајмица во Барселона.

Фудбалерот веќе се согласи да на помала плата, со цел да се вклопи во финансиската структура на клубот.

Рашфорд одигра над 40 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 14 гола.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');