Top Sport

Барселона ќе постави акции на „Барса Медија“ на американските берзи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта инсистира дека ниогаш нема да дозволи клубот да биде во приватна сопственост и покрај критичната економска ситуација во клубот, но ова лето има нов план како да се пополнат големите „дупки“ во буџетот.

Минатото лето, Блауграна активираше четири економски мерки, продавајќи 25 отсто од ТВ правата за следнит 25 години и потоа 49.5 отсто од „Барселона лајсенсинг“ на две различни компанија. Според каталонскиот „Спорт“, ова лето на ред се акциите во „Барса Медија“, компанијата која е одговорна за онлајн-присуството на Барселона и дистрибуција на аудио и видео содржини.

Нивните информации велат дека Барса во соработка со швајцарската компанија „Маунтин венчрс“, ќе постават акции од оваа компанија на американската берза НАСДАК. Вредноста на заедничката компанија би била 1.09 милијарди евра, „Маунтин“ би имале 20 отсто, додека Барселона би контролирала 80 отсто од акциите. За да се оствари овој план, на Лапорта ќе му биде потребна дозвола од членовите на клубот, а целиот процес би се комплетирал до декември.

Scroll to Top