Top Sport

Интер замената за Онана ја најдоа во Иго Љорис

Откако се верува дека договорот за Андре Онана помеѓу Интер и Манчестер јунајтед е пред комплетирање, „нераѕурите“ сметаат на голманот на Тотенхем, Иго Љорис како за потенцијална замена, тврди „Скај спорт Италија“.

Италијанските медиуми се сигурни дека Онана ќе заврши во Јунајтед за сума од 55 милиони евра, по што Интер ќе мора да најде сигурен голман. 36-годишниот Љорис има договор со Тотенхем до јуни 2024, а со пристигнувањето на италијанскиот голман, Гуљелмо Викарио од Емполи најверојатно ќе биде „вишок“ во тимот на Анге Постекоглу.

Според францускиот „Футмеркато“, Љорис првично бил блиску до враќање во Франција во тимот на Ница, но Интер влегле како подобра опција. Покрај Љорис, Интер би го купиле и Анатолиј Трубин од Шахтјор Доњецк како втор голман.

Scroll to Top