Top Sport

Барселона ќе му ја намали платата на Бускетс

Серхио Бускетс, ќе треба да прифати намалување на платата доколку сака да остане во Барселона. Искусниот фудбалер се наоѓа на одмор, по Европското првенство. Кога ќе му заврши одморот, го очекуваат серија, поврзани со неговата плата, пишува „Мундо Депортиво“.

Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми, поради што клубот беше еден од главните иницијатори за формирање на европската Суперлига.

Бускетс, има договоро со Барселона до јуни 2023 година. Планот на претседателот Џоан Лапорта, неговата плата од оваа сезона да биде намалена за 30 отсто.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона нема намера да му понуди нов договор на Бускетс.

Бускетс има 32 години, од почетокот на кариерата е во Барселона.

Scroll to Top