Top Sport

Барселона ќе му понуди нов договор на Дембеле

Усман Дембеле најверојатно ќе добие понуда да го продолжи договорот со Барселона. Францускиот репрезентативец пред нешто повеќе од шест месеци требаше да замине од клубот, сепак долгите преговори вродија со плод и тој летово потпиша договор до јуни 2024 година.

Од почетокот на сезоната, Дембеле е стандарден член на стартната постава, постигна два гола и забележа осум асистенции. Овој учинок, но и неговото однесување на теренот и надвор од него ги натерало челниците да размислуваат да му понудат нов договор.

Условите не се познати, но според шпанските медиуми Барселона ќе му понуди да го продолжи договорот до јуни 2026 година.

Scroll to Top