Top Sport

Барселона ќе направи корекции на грбот (Видео)

Од наредната сезона Барселона ќе има нов грб. Промената нема да биде радикална, односно на новиот грб ќе ја нема кратенката „ФЦБ (FCB)“, исто така во внатрешноста на грбот ќе ги нема црните линии, се менува и положбата на топката, а црно-бордо пругите се поголеми. Се друго ќе остане исто како и досега.

Новиот дизајн, со гласање, мора да биде прифатен од сите членови на клубот, но се очекува дека промената ќе биде прифатена. Ова ќе биде 11. промена на клупскиот грб од основањето на клубот во 1899 година.

На редовната седница клубот објави дека оваа сезона приходите ќе изнесуваат 960 милиони евра, а расходите 929 милиони евра. Според прогнозите приходите д 2021 година ќе ја надминат сумата од една милијарда евра.

Scroll to Top