Top Sport

Фергусон знаел како ќе се одвиваат работите со Погба

Случувањата во Манчестер јунајтед, поточно односот помеѓу менаџерот Жозе Мурињи и Пол Погба денови наназад ги полнат страниците во англискиот печат. Мурињо дури и му ја одзеде капитенската лената на Погба, откако тој го критикуваше дефанзивниот пристап по нерешениот резултат со Вулверхемптон.

Односот помеѓу менаџерот и фудбалерот не е онаков како што треба да биде речиси од првиот ден на соработката. Дека со Погба нема да биде лесно да се работи предвиде уште најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Уште пред шест години, кога Погба од „Олд Трафорд“ замина во Јувентус. Фергусон тогаш изјавил дека Погба и неговиот менаџер Мино Раиола не покажале почит кон клубот.

„Погба потпиша за Јувентус пред многу време. Тоа е разочарувачки, бидејќи мое мислење е дека тој не покажа никаков респект. Да бидам искрен, доколку тие двајца (Раиола и Погба) научиле така да се однесуваат, ја сум тогаш среќен бидејќи сега се далеку од нас“, рекол пред шест години Фергусон.

Легендарниот тренер потоа и во својата автобиографија го критикува Раиола.

„Постојат фудбалски менаџери што не едноставно не ги сакам. А Мино Раиола, менаџерот на Погба е еден од тие“.

„Пророштвото“ на Фергусон сепак не го разбрале сериозно челниците на клубот, кога решија да го вратат Погба на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top