Top Sport

Барселона ќе потроши 600 милиони евра за обновениот „Ноу Камп“ (галерија)

Барселона го претстави проектот за реновирање на нивниот епски стадион „Ноу Камп“, но и на целиот градски кварт, во проект кој ќе чини фантастични 600 милиони евра.

Каталонскиот „храм“ на фудбалот во моментов има капацитет од 99.354 гледачи, а по реконструкцијата која треба да заврши во 2021 година, ќе има над 105.000 седишта. Покрај стадионот, целиот кварт Лес Кортс ќе има сосема нов изглед.

Околу стадионот ќе биде зголемено „зеленото подрачје“ преку подземни паркинзи, а околу стадионот ќе има нови четири згради каде што ќе биде сместена управата на клубот. За почеток на работата потребна е само дозволата од градската власт, која не би требало да биде проблем.

Scroll to Top