Top Sport

Нема ВАР во Премиер лигата, барем засега

Англиските премиерлигаши гласаа против воведувањето на видео-помош за судиите (ВАР) за сезоната 2018/19, но системот ќе се тестира за да се надминат проблемите со системот.

„Пробата“ на ВАР во домашните англиски куп-натпреварувања не доби најдобри оценки, откако фановите се жалеа дека не знаат ништо додека се носат одлуките.

„Клубовите од Премиер лигата се согласија да продолжат со тестирањето на ВАР во сезоната 2018/19“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Премиер лигата исто така побара системот да се користи почесто во ФА купот и Лига купот следната сезона, за да се подобри комуникацијата со судиите и со фановите.

ФИФА веќе одлучи ВАР да се користи на Светското првенство во Русија ова лето, додека во Серија А системот веќе е во употреба.

Scroll to Top