Top Sport

Барселона ќе снима филм со „Пиксар“?

Според радиото „РАЦ1“, Барселона преговара со славната компанија за анимирани филмови „Пиксар“ за филм во кој каталонскиот клуб би ја имал главната улога.

„Постојат контакти меѓу директорите на двете организации, и се преговара со повеќе американски режисери. Не би се работело за филм за историјата на Барселона, туку за филм со Барселона во главна улога“, вели новинарот Роко Штанхауер.

Според Сајмон Чедвик, професорот по спортски маркетинг на Универзитетот во Салфорд, Британија, Барселона се подготвува за ваков филм подолго време.

„Барселона подолго време флертуваше со ‘Дизни’. Поранешниот финансиски директор Феран Соријано имаше главна цел да оствари филмски договор“, вели Чедвик.

Јувентус преку „Нетфликс“ и Манчестер јунајтед преку „Амазон“ снимија документарни филмови за своите клубови, кои ќе се објават наскоро.

Scroll to Top