Top Sport

Барселона (конечно) ќе се ослободи од Умтити – Французинот прави изненадувачки трансфер

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити летово конечно ќе ја напушти Барселона. Барселона неколку трансфер периоди упорно се обидува да го продаде Умтити, но Французинот, поради платата, одбиваше да го напушти „Камп Ноу“.

Умтити на почетокот на годината ја продолжи соработката до летото 2026 година, но се согласи на значително помала плата и сега нема причина да не ја напушти Барселона веќе ова лето.
Французинот беше поврзуван со неколку клубови, но трансферот не се случи бидејќи многумина се загрижени за неговата физичка состојба и фактот дека има големи проблеми со повредите на коленото.

Сепак, се чини дека Барселона конечно ќе се ослободи од Умтити барем една година бидејќи е на прагот да замине на позајмица.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио денеска објави дека Умтити речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Серија А, во дресот на Лече, кој минатата сезона успеа да се врати во друштвото на најсилните.

Лече и Барселона веќе се во преговори и наводно многу блиску до договор. Умтити ќе пристигне во Лече на позајмица до крајот на сезоната, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор следното лето.

Scroll to Top