Top Sport

Барселона кренале кредит од 800 милиони евра

Поранешниот претседател на Барселона Џоан Лапорта на шпанските медиуми им открил дека актуелното раководство го задолжило клубот од „Ноу камп“ за сума од 800 милиони евра.

„Не знам дали договорот е официјализиран или само потпишаа преддоговор. Кај инвестициската банка „Goldman Sachs“ се задолжија 800 милиони евра. Тие пари ќе ги враќаат во наредните 20 години“, рекол Лапорта.

За актуелните челници Лапорта тврди дека направиле многу погрешни работи.

„Барселона ќе биде клуб што ќе приходува милијарди, но и клуб што ќе издовјува милијарди на трошоци и отплатување на долгови. Ова раководство мора да ја разјасни комплетната ситуација“, истакнал Лапорта.

Поранешниот прв човек на Барселона тврди дека во моментов клубот должи 217 милиони евра.

Scroll to Top