Top Sport

Марковиќ одиграл 34 натпревари, од Ливерпул заработил 10 милиони фунти

Лазар Марковиќ некаде во овој период во 2014 година стана играч на Ливерпул. Клубот од „Енфилд“ на Бенфика за неговиот трансфер пред шест години ѝ плати 20 милиони фунти. Донесен како големо засилување Србинот не успеа да се наметне во црвениот дрес. Сега е играч на паризан, а потписот за Ливерпул веројатно е неговиот најголем успех во кариерата.

Лазар Марковиќ во перидот од 2014 до 2019 година за Ливерпул настапил на само 34 натпревари. Низ годините Ливерпул го позајмуваше во Фенербахче, Спортинг Лисабон, Хал сити и Андерлехт. Во 2019 година како слободен играч за врати во матичниот клуб Партизан.

 

 

Англичаните пресметале дека за пет години од Ливерпул заработил 9.750.000 фунти, односно како што пишува „Ливерпул ехо“ за секој одигран натпревар бил платен по 332.000 фунти.

Олеснително за Ливерпул позајмуваќи го во наведените клубови ги деле со нив трошоците околу платата на крилниот напаѓач.

„Лазар Марковиќ го чинеше Ливерпул 20 милиони фунти. Газдите на Ливерпул од неговиот трансфер научија вредна лекција“, наведува „Ливерпул ехо“.

Scroll to Top