Top Sport

Барселона купува бекови од Премиерлигата

Барселона планира многу нови засилувања ова лето, но претходно и ќе мора да продаде дел од фудбалерите за да може да ја „одглави“ сегашната позиција за нивно регистрирање во Ла Лига. Тренерот Чави Ернандез, смета дека на неговиот тим му требаат најмногу засилувања во одбранбената линија, на сите позиции.

Како што стојат работите, се чини дека каталонскиот тим цели кон играчи на кои наскоро им истекуваат договорите со Челси, главно Шпанци кои имаат желба да се вратат во шпанскиот фудбал.

Веќе извесно време се зборува за можноста за трансфер на десниот бек Цезар Аспиликуета и на левиот бек Маркос Алонсо, кои влегуваат во последната година од договорот. Тоа во моментов и одговара на Барселона поради финансиската криза.

Дуото на Челси останува главна цел, а можноста за реализација на овие трансфери треба да се знае по завршувањето на овој циклус натпревари од Лигата на нации. Како опција стои и левиот бек на Манчестер Сити, Олександр Зинченко.

Scroll to Top