Top Sport

Барселона купува бразилски напаѓач за 40 милиони евра

Барселона постигна договор со Атлетико Параненсе за потписот на 18-годишниот Витор Роке, тврди „АС“. Роке стана рекордно засилување на Атлетико Параненсе откако минатата година беше доведен од Крузеиро за 24 милиони бразилски реали, што е еднакво на околу 4,5 милиони евра. Таа сезона настапи на 43 натпревари и постигна 12 гола.

Каталонците ќе платат околу 40 милиони евра за бразилскиот талент кој ќе потпише петгодишен договор. Каталонците ги договорија сите детали на договорот, но ќе го официјализираат откако ќе се разделат со некои од нивните сегашни играчи и ќе успеат да ослободат простор во буџетот за плати.

Голема улога во реализацијата на трансферот имаше Деко, кој се очекува да стане спортски директор на клубот. Неговото познавање на бразилскиот пазар и добриот однос со агентот на играчот Андре Кури се покажаа одлучувачки.

Роке на почетокот ќе биде резервна опција на Роберт Левандовски, но надежите на Барса се дека тој ќе стане главен стрелец во наредните години. Квалитетите на младиот Бразилец му дозволуваат да игра и на крилните позиции.

Scroll to Top