Top Sport

Барселона летово ќе тргнат по Обамејанг

Фудбалскиот клуб Барселона планира од наредната сезона нападот да го предводи голема фудбалска ѕвезда. Трансфер-цел на Каталонците Пјер-Емерик Обамејанг чии договор со Арсенал истекува во јуни 2021 година.

Бидејќи по завршувањето на сезонава Габонецот ќе влезе во последната година од договорот со Арсенал, Барселона имаат намера за малку пари да обезбдат квалитетен напаѓач.

Според шпекулациите Барселона на Арсенал ќе им понудат 35 милиони евра.

Инаку Барса и Арсенал имаат долгогодишна соработка. Изминатата деценија неколкумина играч од Лондон се преселија на „Ноу Камп“. Ќе ги напброие само трансферите на Томас Вермален, Александар Хлеб, Алекс Сонг, Тиери Ани, Марк Овермарс и Сеск Фабрегас.

Scroll to Top