Челниците на Ла Лига и порачаа на Барселона да го намали буџетот за плати следната сезона, за да може клубот да работи согласно правилата за финансискиот фер-плеј.
Ситуацијата е таква што Барселона ќе мора да го намали буџетот за цели 200 милиони евра, што значи дека на лето ќе мора да продаде дел од играчите со високи плати.
Логично, во центарот на вниманието се Френки де Јонг и Ансу Фати, двајца играчи кои минатото лето беа на мета на Манчестер јунајтед.
Иако двата клуба се договорија за трансферот на Де Јонг, фудбалерот одби да се преселинан „Олд Трафорд“.
Холанѓанецот има договор со клубот до 2026 година и во наредните четири сезони од договорот теоретски би можел да заработи околу 88 милиони евра.
Од друга страна, Фати, кој ја нема очекуваната минутажа сезонава, би можел да биде ставен на трансфер-листата, каде се очекува да се најде и Феран Торес.
Барселона, вредноста на Фати ја проценува на 101 милион евра, а фудбалерот има неделна плата од 225.000 евра.
Исто така, се верува дека Барселона би можела да го олесни буџетот за плати со заминувањето на Серхио Бускетс, Џорди Алба, Усман Дембеле, Серхи Роберто и Франк Кеси.