Top Sport

Барселона може да заборави на Нико Вилијамс

Барселона може да заборави на Нико Вилијамс. Еден од најдобрите фудбалери на Шпанија во походот на европската титула ќе остане на „Сан Мамес“.

Вилијамс на социјалните мрежи со една фотографија потврди дека нема ништо од трансфер во Барселона.

„Горд сум што добив десетка од Муниаин, да испишам историја каква што испиша тој“, напиша помладиот од браќата Вилијам.

Икер Муниаин го напушти Атлетик ова лето по 15 сезони во клубот. Во тој период постигна 76 гола на 560 натпревари.

Нико Вилијамс има договор до 2027. Во сениорскиот тим постигна 20 гола на 122 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top