Top Sport

Барселона му го продолжи договорот на Умтити за да може да го регистрира Торес

Барселона, речиси две години се обидува, но не успева да се ослободи од Самуел Умтити. Денес, францускиот фудбалер, му овозможи на клубот да го регистрира Феран Торес.

Барселона, пред Нова година го донесе Феран Торес за 55.000.000 евра од Манчестер сити. Се до денес, поради финансискиот ферплеј, клубот не можеше да го регистрира шпанскиот репрезентативец.

Покрај Филипе Кутињо, кој замина на позајмица во Астон Вила, простор во буџетот ослободи Умтити.

Светскиот првак со Франција, се согласил да потпише нов договор до 2026 година, за значително помала плата. Со стартиот договор Умтити заработуваше 9.000.000 евра годишно.

Клубот не објави колкава плата ќе има фудбалерот со новиот договор, туку само дека со тоа што се согласил плата да му биде намалена, му овозможил на клубот да го регистрира Торес.

Феран Торес ќе има можност да дебитира за Барселона, во среда, против Реал, во полу-финалето во Суперкупот на Шпанија.

Scroll to Top