Top Sport

Барселона му го раскина договорот на Брејтвајт, тој ќе продолжи во Еспањол?

Барселона потврди дека го раскинала договорот на данскиот напаѓач Мартин Брејтвајт со взаемна согласност, не објавувајќи колку му исплатила за да си замине од клубот, и се очекува тој веднаш да остане во каталонската престолнина, односно да потпише договор со Еспањол.

„Барселона и фудбалерот Мартин Брејтвајт постигнаа договор за отпуштање од договорот со клубот. Барселона јавно му се заблагодарува на Брејтвајт за посветеноста и му посакува успех во иднина“, се вели во објавата на тимот.

Претходно, шпанските медиуми тврдеа дека Брејтвајт одбива да си замине од клубот и бара скапа отштета.

Scroll to Top