Top Sport

Барселона на Ибица се договори со Нико Вилијамс

Нико Вилијамс (22) ќе игра за Барселона почнувајќи од следната сезона, тврдат највлијателните каталонски медиуми и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Конечниот договор меѓу двете страни „падна“ на Ибица, каде што Нико моментално одмара, а каде што претставниците на каталонскиот клуб, предводени од спортскиот директор Деко престојуваа во претходните денови.

Според Романо, тој дел од работата е завршен, како и финансискиот дел од договорот меѓу клубот и играчот, според кој Вилијамс би инкасирал помеѓу седум и осум милиони евра годишно.

Договорот би важел до 2031 година.

Интересно е што на блискиот остров Форментера (половина час со ферибот од Ибица), одмара и тренерот на Барса, Ханси Флик, таму има куќа, но не е познато дали лично се сретнал со фудбалерот и дали бил вклучен во преговорите.

Барселона на тој начин, од вториот обид, како што стојат работите ќе да го добие човекот кој направи чуда со Ламин Јамал на претходното Европско првенство и со „црвената фурија“ ја освои титулата.

Преговори меѓу двете страни имаше и минатото лето, но тогаш помладиот од браќата Вилијамс, реши уште една сезона да остане во Атлетик Билбао. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 60 милиони евра.

Вилијамс, по сопствено признание, се покајал за таа одлука, дури и му се јавил на Деко да му каже тоа. тврдат медумите.

Scroll to Top