Top Sport

Барселона на Меси му нуди 13 милиони евра годишно

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, не крие дека во летниот преоден рок ќе се обиде да го врати во клубот Лионел Меси. Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Аргентинецот се уште не постигнал договор со „светците“ околу продолжувањето на соработката.

Барселона се соочува со финансиски проблеми, поради што планот на Лапорта е преку спонзорите да ги обезбеди парите за платата на Меси.

Каталонски „Спорт“, кое се условите кои Барселона му ги нуди на меси да се врати во клубот.

Клубот му нуди договор на две сезони и годишна нето плата од 13 милиони евра, колку што во моментов има и најплатениот играч во Барселона, Роберт Левандовски. Исто така во договорот би била вметната клаузула според која Меси по првата сезона без оштета би можел да си замине.

За споредба неговата нето плата во ПСЖ изнесува 35 милиони евра, а според медиумите ја одбил мегаломанската понуда од Ал Хилал од 400 милиони евра.

Scroll to Top