Top Sport

Барселона на позајмица ќе донесат централен дефанзивец

Централниот дефанзивец на Валенсија Џејсон Муриљо, од јануари ќе биде позајмен во Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Најолем проблем во Барселона, во тековната сезона, се формата и повредите на играчите од одбраната. Искусниот Џерард Пике дури сега влегува во форма, Клемон Ленгле никако да се прилагоди по доаѓањето од Севилја, додека Самуел Умтити и Томас Вермален се повредени.

Поради тоа клубот во јануарскиот преоден рок мора да најде решение за оваа позиција. Изборот бил репрезентативецот на Колумбија, Муриљо.

Двата клуба веќе започнале да ги договараат условите под кои Муриљо би им бил отстапен на Каталонците.

Овој фудбалер во досегашната кариера има играно за Удинезе, Гранада, Кадиз, Лас Палмас, а од 2013 до 2017 година го носел дресот на Интер. Оваа сезона има одиграно само три натпревари за Валенсија.

Scroll to Top