Фудбалскиот клуб Барселона издвојува најмногу пари за плати не само во Шпанија, туку и во цела Европа. Барселона, на годишно ниво, за платите на Лео Меси, Џерард Пике, Фелипе Кутињо, Луис Суарез и останатите ѕвезди издвојува 487 милиони евра.
Според најновите податоци, клубот од „Ноу Камп“, минатата сезона за платите на фудбалерите потрошил 43 отсто повеќе во однос на претходната сезона.
Објавените податоци за сезоната 2017/2018 покажуваат дека 15 отсто од сумата од 487 милиони евра отпаѓаат на само еден играч на Барселона, Лионел Меси.
Треба да се нагласи и дека три четвртини од вкупниот годишен приход Барселона го троши на платите на фудбалерите.
Барселона на платите на фудбалерите потрошила 92 милиони евра повеќе од најголемиот ривал Реал, кој е втор на оваа листа во Шпанија и Европа.
Според она што го издвојуваат за платите на фудбалерите зад шпанските великани се клубовите од Манчестер, Јунајтед (337 милиони евра) и Сити (296).
Барселона нема проблем со парите, клубот само од продажбата на влезници, во текот на сезоната, заработува 137 милиони евра, а профитираат и од продажбата на фудбалери, особено тоа беше случај лани кога за рекорден трансфер Нејмар замина во ПСЖ.
Наредната сезона Барселона влегува во нова десет годишна соработка со „Најки“. Според договорот клубот од производителот на спортска опрема, годишно ќе добива 105 милиони евра.
Клупски расходи за платите на фудбалерите: (податоците се во милиони евра за сезоната 2017/2018)
1. Барселона 487
2. Реал 395
3. Манчестер јунајтед 337
4. Манчестер сити 296
5. ПСЖ 272
6. Баерн Минхен 265
7. Јувентус (259)
8. Челси (256)
9. Ливерпул (241)
10. Арсенал (232)
11. Борусија Дортмунд (187)
12. Атлетико Мадрид (178)
13. Интер (156)
14. Тотенхем (148)
15. Лестер (131)