Top Sport

Барселона наследникот на Иниеста го најде во Лацио

Андрес Иниеста по завршувањето на сезоната ќе замине од Барселона. Легендарниот играч ќе се пресели во Кина, а клубот започна да ја бара неговата замена.

Како што пишуваат италијанските и шпанските медиуми, Барселона го следи пазарот, а скаутите веќе го заокружиле името на 25-годишниот фудбалер на Лацио, Луис Алберто.

Алберто, зад себе има брилијантна сезона (10 гола и 16 асистенции) и е еден од најзаслужните што Лацио има шанси наредната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Шпекулациите говорат дека Барселона би можела да го добие овој фудбалер за сума од 30 милиони евра.

Луис Алберто во кариерата бил дел од Барселона, но најдалеку стигнал до Барселона Б екипата, а пред да пристигне во Лацио, играч за Севилја, Малага и Депортиво Ла Коруња.

Scroll to Top