Top Sport

Заврши сезоната за Артуро Видал

Фудбалерот на минхенски Баерн, Артуро Видал, поради операцијата на коленото ја заврши сезоната, соопшти клубот.

Чилеанецот се повреди на тренингот минатат недела, а во вторникот бил опериран во Аугзбург. Прогнозите беа дека Видал ќе се врати за неколку недели, но сепак го очекува подолга пауза.

Неиграњето на видал ќе биде голем хендикеп за Баерн во полу-финалниот двомеч против Реал, во Лигата на шампионите.

Чилеанецот е еден од клучните играчи на Баерн оваа сезона, на 22 натпревари во Бундеслигата постигнал шест гола, а настапил на осоум натпревари во Лигата на шампионите и четири во германскиот Куп.

Баерн веќе ја обезбеди титулата во Бундеслигата, а синоќа избори пласман во финалето на домашниот Куп.

Scroll to Top