Top Sport

„Барселона не е подготвена да се бори за три трофеи“

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски призна дека неговиот тим моментално нема квалитет и не е во состојба да се бори за три трофеи во една сезона.

Полскиот репрезентативец истакна дека има многу проблеми кои не можат да се решат за една недела или еден месец.

„Имаме добар тим, можеби ќе се засилиме со еден или двајца играчи. Тимот не е идеален, но е конкурентен. Оваа сезона имавме проблеми во Лигата на шампионите и мораме да го поправиме тоа. Треба да се признае дека Барселона не е подготвена да се бори за три трофеи во една сезона“, изјави Левандовски, кој минатото лето дојде на „Камп Ноу“ од Баерн.

Искусниот напаѓач оваа сезона во шпанската лига постигна 15 гола на 21 натпревар и е еден од најзаслужните за убедливото прво место на Каталонците.

Scroll to Top