Top Sport

Барселона не може да го регистрира Виктор Роке во зимскиот преоден рок

Фудбалскиот клуб Барселона нема да може да го ангажира Витор Роке. Бразилецот има договор со Барселона, но во клубот ќе пристигне наредното лето.

Барселона летово постигна договор со Атлетико Параненсе, за еден од најталентираните бразилски напаѓачи плати 40.000.000 евра. Сепак, клубот не може да го регистрира напаѓачот во зимскиот преоден рок. Барселона се уште има проблеми со финансискиот фер-плеј.

Чави Ернандез сакаше да го има во тимот 18. годишниот Роке во зимскиот преоден рок, за да може да го одмора Роберт Левандовски, бидејќи Феран Торес не го убеди стручниот штаб дека може да го замени.

Роке ќе биде првото засилување на Барса за сезоната 2024/25, а како што стојат работите, Барса нема да донесе никого во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top