Top Sport

Барселона не размислува за Џеко и Кавани

Един Џеко и Единсон Кавани ѝ биле понудени на Барселона, но клубот ја одбил можноста еден од овие двајца да биде замената за Луис Суарез кој се пресели во Атлетико Мадрид.

Џеко има договор со Рома до јуни 2022 година и тој е достапен за сума од 15.000.000 евра. Него во овој преоден рок му пропадна трансферот во Јувентус.

Кавани е слободен играч, откако му истече договорот со ПСЖ. Кај Кавини проблем претставуваат неговите години и финансиските барања.

Како сега стојат работите Барселона во новата сезона ќе влезе со само еден класичен напаѓач, Антоан Гризман.

До крајот на преодниот рок Барселона планира да се засили само со десниот бек од Ајакс Сержињо Дест.

Scroll to Top